Бубамарата може да лета 120 километри без да се одмори

Бубамарите можат да прелетаат без одмор растојание од 120 километри со брзина на галоп коњ.

Црвените суштества можат да се задржат во воздухот во текот на два часа и да развијат брзина од 80 километри на час. Бубамарите достигнуваат и до доста големи височини – 1200 метри.

Досега се сметаше дека кога полетуваат, овие инсекти изминуваат само неколку десетици метри.

Екипата на д-р Лори Хандли од Универзитетот во Хал го истражувал однесувањето на обичните градинарски бубамари, со тоа што ги следел со специјален радарски уред. Уредот испраќал вертикални сигнали во форма на конус на височина до 1600 метри. Радарот ги воспоставувал правецот на летот на бубамарата, неговата брзина и висина во  просторот што се истражувал.

Просечната брзина која ја развивале овие инсекти, била околу 30 километри на час. Но биле регистрирани и вистински шампиони,  двојно побрзи. Обично тие летале на поголема висина, каде ги користеле  воздушните струи.

Просечниот лет трае околу 37 минути, но некои бубамари маратонци поминале  без проблем и 120 километри.

- Реклама -