Брзо, лесно, забавно: Направете Дедо Мраз од јагоди

Новогодишните украсни рецепти не се секогаш лесни да ги направите сами, ако сте од оние кои „немаат живци“. Е па, ова е рецепт за вас. Дури ни најмрзеливите нема да го изгубат трпението додека ги спремаат овие супер-слатки и супер-лесни Дедо Мразовци.

Се што ви треба е:

– убави, сочни јагоди

– 125 грама крем-сирење

– 2 лажици шеќер во прав

– 1/2 (пола) лажичка ванилин шеќер

– чоколадни зрнца

 

1. Исечете го врвот и дното на јагодата. Врвот сочувајте го, тој ќе биде капата на Дедо Мраз:

Gif 1

 

2. Ставете го миксот за шлагот во шприц за филување и нанесете малку на делот од јагодата кој ќе биде тело на Дедо Мразот. Така ќе ја добиете главата, а потоа можете да бидете екстра креативни и да му направите брада од крем-сирот.

Gif 2

 

3. Време е за финесите. Ставете уште малку од шлагот наместо врв на капата, и ставете ги чоколадните зрнца за да може Дедо Мраз да ги види веселите лица што се спремаат да го изедат.

Gif 3

Нема потреба да ви кажеме дека имате неограничена слобода да импровизирате, нели?

Уживајте во правењето и се разбира, во јадењето.

- Реклама -