Брзо, лесно и едноставно: Доведете го вашиот паркет до совршен сјај

Ако ви здодеа да стоите пред полиците со куќна хемија имаме интересно решение за вас.

Не постои квалитетно средство за чистење на подовите кое чини помалку 250 денари, и да бидеме искрени, тоа не е мал трошок, а не сме сигурни дали имаат некои штетни состојки за нас, околината и самите подови.

Затоа можете да пробате со природно и проверено.
За бришење на овие површини ставете во кофа околу 2 литри млака вода и во неа додадете 4 лажици оцет. После тоа вашите подови нема да бидат лепливи, брзо ќе се исушат, а самата мешавина која сте ја користеле нема да му наштети никому.

- Реклама -