Брзински рекорд со скејтборд (видео)

скејтбордКанаѓанецот Мишо Ербан го скршил сопствениот брзински рекорд со скејтборд, кога постигнал брзина од 130.08 километри на час на тајна локација во Колорадо САД. Новиот рекорд е подобар од стариот, 113,02 километри на час, за неверојатни 13 проценти. Овој рекорд станува повпечатлив бидејќи е постигнат само со силата на гравитацијата.

Канаѓанецот Мишо Ербан го скршил сопствениот брзински рекорд со скејтборд, кога постигнал брзина од 130.08 километри на час на тајна локација во Колорадо САД. Новиот рекорд е подобар од стариот, 113,02 километри на час, за неверојатни 13 проценти. Овој рекорд станува повпечатлив бидејќи е постигнат само со силата на гравитацијата.

скејтбордДваесет и седум годишникот кој живее во Вернон, Британска Колумбија, Канада по поставувањето на новиот рекорд изјавил „Искрено не ни помислив дека ќе достигнам 130 километри на час, ова беше обид кој нè изненади сите!“ Рекордот бил измерен и потврден од Гери Флуит, претставник на Меѓународната Асоцијација за Гравитациони Спортови (IGSA).

Ербан за време на обидот возел скејтборд од GMR со фабрички Seismic 85mm Speed Vent тркала, Ronin осовини и прототип лагери од Seismic. Мишо има голем број победи на меѓународни трки и е признат како еден од најдобрите скејтборд тркачи во светот денес.

- Реклама -