Брзи кулинарски лекции: 5 правила за совршено печен компир во рерна

Совршено печениот компир е крцкав од надвор, а мек од внатре. Тешко ќе погрешите кога подготвувате компир на овој едноставен, а на зима особено популарен начи  на подготовка, но сепак здржете се до следниве неколку правила.Освен компир потребно е маслиново или сончигледово масло. Сепак преферирајте маслиново. Освен тоа, потребен ви е и бибер. Откако ќе го испечете компирот истиот можете да го сервирате со сирење или кајмак.

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Вклучете ја додека го подготвувате компирот за печење.

2. Добро измијте го компирот со ладна вода и под силен притисок. После миењето исушете го. Отстранете ги сите сомнителни црни или скапани делови. Компирот не морате да го лупите.

3. Зачинете го – Полијте го компирот со малку маслиново масло, а при тоа најдобро е да ги користите рацете. Подоцна можете да го посолите компирот и да додадете бибер.

4. Пред печењето избодете го со виљушка на неколку места.

5. Печете го! – Пред тоа во тепсијата ставете парче алуминиумска фолија. Потребни ви се од 50 до 60 минути за да ги испечете на температура од 200 степени целзиусови. Можете со виљушката да ја проверувате мекоста, на секои 20 минути.

1

2

3

4

5

 

 

- Реклама -