Одличен рецепт што се подготвува брзо и воодушевува со својот вкус.
Состојки:
4 јајца
1 кисела павлака
16 лажици брашно
Малку сол
1 прашок за печиво
Подготовка:
Ставете го брашното во подлабок сад, а потоа додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го.
Во брашното додадете ја павлаката и изматените јајца, па добро измешајте ( како кога правите кајгана)
Во тавата за пржење налејте масло, во висина околу 1 см. Добро загрејте го, па намалете на умерена температура.
Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат.
Служете ги со сирење или чај.