Брзи крофни од рерна: Растат огромни, без многу зејтин!

Тие огромни, меки и шупливи одвнатре топки во шеќер во прав се омилени на сите, но подготовката на традиционалните крофни ни малку не е едноставна.Тука е и делот со пржење во длабоко масло, што не е здраво и стоењето на шпоретот е напорно.Затоа имаме з авас рецепт за превкусни крофни од рерна кои се прават дупло побрзо а и вкусот им е фантастичен.

Состојки:

40 г свеж квасец,
900г остро брашно + околу 100г меко за премесување и обликување,,
4 цели јајца,

300 мл јогурт,
200 мл вода,
150 гр шеќер + околу 150 да се валкаат крофните,
150 гр маргарин + 100 за премачкување

Подготовка:

Во млака вода разматете го квасецот и ставете лажиче шеќер. Во сад ставете остро брашно, јогурт, јајца, остатокот од шеќерот, стопен маргарин и квасецот кој стоел 5 мин. Со лажица соединете го тестото да биде меко и лепливо. Добро изработете го со лажица па оставете го да отстои да се удвои.

Кога тестото ќе нарасне, посипете ја работната површина со меко брашно, истересето го брашното и премесето го полека. Со оклагија развлечете го тестото со дебелина околу 1 – 1,5 cm. Со чаша вадете ги крофните и ставете ги во плех кој сте го намачкале со друг маргарин. Водете сметка да оставите простор помеѓу крофните бидејќи ќе нараснат доста и поради тоа сигурно нема да ви ги собере во еден плех.
Оставете ја првата тепсија со крофни да отстои 15 минути па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Дури тогаш вадете со чаша и втора тура на крофни за да не ви прекиснат доколку би ги извадиле со првата.

Кога рерната ќе се загрее, а крофните се зголемиле двојно, ставете ги да се печат додека не добијат светлокафеава боја. Додека се печат стопете го остатокот од маргаринот и штом ќе гио извадите од рерната, крофните веднаш премачкајте ги и валкајте ги во шеќер

- Реклама -