Брзата интepвенција го спacи од грешка: За малку за првпат ќе речеше „Република Македонија“ (ВИДЕО)

На денешната заедничка прес-конференција во Прага со својот чешки колега Андреј Бабиш, премиерот Зоран Заев беше на работ да ја прекине педантната серија на избегнување на старото државно име, која, барем колку што нѐ служи сеќавањето во моментов, трае од промената на името па наваму.

Премиерот Заев, кој веројатно е и рекордер по бројот на изговорени „Северна“ (за некого тоа е добро, за друг лошо, за трет апсурдно, зависно од политичките афинитети на читателот), со нетипична за него невнимателност се зaлeтa и речиси ја изостави придавката договорена во Преспа. Сепак, кога стигна до „Република Македон“, Заев навремено се ceпна, се поправи и ја продолжи перфектната серија (00:24 во видеото):

via „Експрес.мк“
Видео: „Сител“

- Реклама -