Заѕвони училишното ѕвонче за 20.000 првачиња и 280 илјади основци и средношколци во земјава.
Годинава започна со неколку измени во наставните програми. Имено, од оваа година учениците во пониските одделенија ќе учат хемија, физика и биологија, предмети што досега беа резервирани за повисоките одделенија. Во тој контекст, Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски ќе ги промовираат новите учебници по предметите “математика“ и “природни науки“ за учениците од прво до трето одделение.
Поради заразната жолтица има препораки учебната година децата да ја започнат со задолжително миење раце, а првата лекција ќе биде токму за хигиената и заштитата од во моментов актуелната жолтица.