Брза вкусна пита без кори

За овој рецепт ви се потребни само 20 минути, а вкусот е фантастичен.

СОСТОЈКИ:

3 јајца
10 лажици брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 лажица сол
200 мл јогурт
200 гр свежо сирење, фета, мелено месо или спанаќ
зачини по желба

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јајцата добро разматете ги и додајте јогурт, брашно, прашок за печиво, лажица сол и зачини по желба.
Додајте состојки по желба, ставете во помал лим за печење и печете околу 20 минути на 180 степени. Послужете топло со јогурт или некоја омилена напивка.
Добар апетит!

- Реклама -