Брза вкусна бисквит торта

500 г бисквити, 200 мл млеко, 1 литар млеко, 4 кесички прашок за пудинг од ванила, 12 лажици шеќер, 200 г бело чоколадо, 250 г маргарин, 2 кесички шлаг, 200 мл млеко и 50 г чоколадо за готвење.

Во 1 литар млеко сварете ги пудинзите. Во топлиот пудинг додадете го белото чоколадо искршено на парчиња, мешајте додека се растопи и оставете смесата да се излади.

Со миксер пенесто изматете го маргаринот. Додадете ја изладената смеса и изматете го филот.

Во 200 мл млеко потопувајте ги бисквитите и редете ги во тава, обложена со најлонска фолија. Врз еден ред бисквити нанесете од филот. Повторно наредете бисквити потопени во млеко и филувајте.

Повторувајте ја постапката додека ги потрошите сите бисквите и целиот фил. Изладете ја тортата во фрижидер, премачкајте ја со изматениот шлаг и изрендајте чоколадо за готвење.

- Реклама -