Брутални одмазди при неверство

Некои луѓе не можат да се воздржат, или едноставно немаат разум, па му се одмаздуваат на партнерот поради неверството кое што го сторил.

Кога Корина Фини од Велика Британија разбрала дека нејзиниот партнерот ги  користи услугите на сајтови за секс средби, ангажирала фирма за да се ослободи од се што е негово во нивниот дом.  Така мажот ги загубил не само омилени предмети, туку и целата покуќнина. Кога се вратил дома после работа, затекнал само голи ѕидови.

Девојката на голф играчот Ник Фалдо, Брена Чепелак,  збеснала кога дознала за неверството на Ник. Кога таа заминала  да се спакува во нивниот заеднички дом, збеснала па со стап за голф му го искршила поршето, чинејќи штета од  10 000 фунти.

Маж кој што бил пред развод, внимателно измерил половина од семејната летна куќа. Потоа буквално ја зел својата половина од куќата и ја однел во домот на неговиот брат.

Клер Холи пак влегла со автомобилот во салата за куглање, каде што работел нејзиниот љубен. Таа нанела штета од  14 000 фунти, бидејќи тој го сменил својот статус на Фејсбук во „слободен” без предупредување.

За крај најбруталната приказна, со среќен крај. Лорена Боби презела екстремни мерки, за да му се одмазди на неверниот сопруг. Додека тој спиел, таа го исекла неговото достоинство со кујнскиот нож и го фрлила во дворот. Еден пожарникар го забележал летечкиот орган и го однел во градската болница, каде што бил сместен и нејзиниот сопруг. За среќа, хирурзите успеале да го сошијат  органот по 9-часовна операција. Сопругот на Лорена се опоравил целосно, па  дури започнал и кариера во порноиндустријата.

- Реклама -