Бруно го лажирал интервјуто со терористот! (видеа)

Бруно и „терористот“ Филмот на Саша Барон Коен – „Бруно“, отиде еден чекор понатаму од „Борат“ со контроверзиите. Веројатно најшокантен момент од целата приказна е интервјуто со терористот. Ќе се изненадите ли кога ќе дознаете дека Ајман Абу Аита не е водач на Бригадата на маченици на Ел Акса (која патем не постои уште од 2004 година), туку сопственик на мини-маркет во Витлем?


Филмот на Саша Барон Коен – „Бруно“, отиде еден чекор понатаму од „Борат“ со контроверзиите. Веројатно најшокантен момент од целата приказна е интервјуто со терористот. Ќе се изненадите ли кога ќе дознаете дека Ајман Абу Аита не е водач на Бригадата на маченици на Ел Акса (која патем не постои уште од 2004 година), туку сопственик на мини-маркет во Витлем?

По серијата гостувања како Бруно, Саша Барон Коен најпосле се појави кај Летерман како Саша Барон Коен. Меѓу другото, го изнесе и начинот на кој дошле до брилијантната идеја за интервјуирање терорист, како и опасноста на која се подложил себеси, во име на комедијата!
{youtube}Qk2oee2kjT8{/youtube}

Интервјуто со терористот

{youtube}ElTgT35fZWs{/youtube}

CNN дури направи и репортажа за храброста на Саша, за начинот на кој успеал да го тероризира терористот.

{youtube}XdyPjYvK1xE{/youtube}

Арно ама… во светот во кој постои интернет, нештата тешко дека ќе останат скриени долго време. Ајман Абу Аита не е водач на Бригадата на маченици на Ел Акса, терористичката група која и онака не постои уште од 2004 година. Ајман всушност е сопственик на мини-маркет во Витлем, град под контрола на Израелските сили за безбедност, каде што нема потреба од телохранителот на Енрике Иглезијас да го штити Бруно. Според верската определба е Христијанин, по природа е семеен човек кој живее мирен живот со сопругата и четирите деца.

Но, она што е далеку пострашно е што Саша Барон Коен не му кажал што снима и не му платил за „глумењето“. Ајман од својот пријател бил информиран дека австриски новинар сака да сними интервју со локален жител. Се сложил, го направил интервјуто, а за возврат доби репутација на терорист. Во моментов, во подготовка е тужба против англискиот комичар.

{youtube}NmXuQOZd_qE{/youtube}
- Реклама -