Џулиен Мур изгледаше гламурозно на црвениот килим на 66. издание на филмскиот фестивал во Кан, но само од далеку.
Нејзиниот фустан со потпис на Диор не беше доволно долг за да ѝ ги сокрие исклучително неудобните сандали од кои ѝ излегуваа прстите.
Холивудската актерка изгледа воопшто не ги пробала сандалите пред да излезе на црвениот килим. Таа изгледаше повеќе смешно отколку гламурозно, додека чекореше во чевлите од кои буквално ѝ излегуваа прстите на нозете.
Меѓу двете сребрени каивчиња немаше место за малите прсти кои цело време „бегаа“ надвор, но актерката како вистинска професионалка се смешкаше и позираше пред фотографите.