Брокулите, подарок од природата!

 

broccoli5

Брокулите се исклучително важни за работата на цревата, бидејќи содржат многу влакна. Може да ги јадете колку сакате, 100 грама содржат едвај 20 калории.

Брокулите ја чуваат кожата од стареењето затоа што од сите видови овошје и зеленчук содржат најмногу витамини А и Ц, најважните витаминини за убава и здрава кожа.

broccoli4

Доколку сакате почесто да се изложувате на сонце, подгответе се така што ќе јадете брокули. Бетакаротенот ќе ве сочува од УВ зраците.

Кога се берат брокулите многу е важно да се погоди вистинскиот момент. Набрани треба да се чуваат на студено место, до 1 целзиув степен, во спротивно, ќе почнат да цветаат.

Broccoli6

Кога барате квалитетни брокули, најпрвин погледнете ги одозгора. Ако се жолти тоа е знак дека ќе почнат да цветаат, тие се презреани. Свртете ги одоздола и погледнете дали се чисти. Доколку се кафени и имаат дупчиња, значи дека се бајати.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

brocolli2

- Реклама -