Бројката на заразени од коронавирус во земјава се искачи на 760

Во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на КОВИД-19 во земјава, а починаа двајца пациенти од Куманово и од Прилеп, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се од:

– Скопје 13

– Куманово 14

– Штип 6

– Прилеп 8

– Велес 6

– Гостивар 1

– Кочани 1.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на КОВИД-19. Досега се излечени 41 пациент, 34 починаа, а активни се 685.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во Градската општа болница „8 Септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни, велат од министерството.

- Реклама -