Броење на овци: Нишка меѓу несоницата и детството

Ако не ти се спие, брои овци и ќе заспиеш…

Веројатно веднаш ве потсетува на најубавите години, кога навистина овците беа вашиот најдобар пријател во ноќите.

Неодамна, дури и на Оксфорд беше направено истражување, а луѓето беа поделени во три групи. Првата група замислувала водопади, втората броела овци, а луѓето од третата група размислувале на било што.

Замислувајќи водопади луѓето заспивале 20 минути порано од вообичаеното, додека „бројачите на овци“ останале будни извесно време. Експертите резултатите ги објасниле со фактот дека броењето на овци бара поголема активност на мозокот, бидејќи глетката на овци кои прескокнуваат ограда, не е вообичаен, но е досаден. Сликите од водопад и природа биле подобра фантазија бидејќи делувале смирувачки и повеќе интересно.

- Реклама -