„2020-та беше година кога Северна Македонија влезе во НАТО, ние сме разочарани од одлуката на Бугарија да ги блокира преговорите за ЕУ. Ние се залагаме за интеграција на Запападен Балкан, тоа е взаемен интерес на сите држави, колку што е можно побрзо да се случи“, изјави амбасадорката на САД во Северна Македонија – Кејт Мери Брнз, во „Само интервју“ на ТВ „Канал 5“.
„Ние изразивме надеж дека процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори“, додаде таа. „Ние го гледаме како позитивен знак тоа што Сееврна Макеоднија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед. Ние и понатаму ќе се залагаме и ќе даваме поддршка тие прашања да останат настрана од процесот на пристапни преговори, бидејќи тоа ќе овозможи напредок“, рече амбасадорката.
Според неа, решението на овие билатерални прашања мора да се постигне со билатерален дијалог.
„Северна Македонија и досега покажа дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите. Ние имаме доверба во Владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија за интеграциите“, рече Брнз.