Бритни Спирс го покажа целулитот

Иако редовно вежба и последните неколку години се храни здраво, последиците од неуредниот живот сѐ уште се видливи на нејзиното тело.

Некогаш наjпопуларната пејачка на светот и пример на младите девојки, Бритни Спирс денес е мајка на две деца и очајно сака да се врати во форма – и телесна и музичка.

Токму на патот до теретанатa во која редовно вежба, папараците успеаја да го овековечат целулитот на нејзините нозе. Интересно е дека не се познава од сите агли туку само од еден во комбинација со светлината кој во тој момент папараците успеале да го уловат .

Пејачката моментно е фокусирана на пејачката кариера, а на 31 мај ќе излезе нејзиниот нов сингл „Ooh La La“.

 

- Реклама -