Бритни се „стегна“ во краток фустан за во црква

Бритни е позната по нејзиниот лежерен, опуштен и непровокативен изглед кога е надвор од сценската работа.

Но, сепак, таа вчера реши да направи исклучок по повод заедничкото излегување во црква со нејзиното момче.

Имено, 31-годишната пејачка се појави во краток и мошне припиен фустан кој ги доведе до израз сите нејзини облини, и секси црни чизми со високи потпетици.

Освен несоодветниот избор на гардероба, Бритни уште еднаш не остави да се прашуваме зошто и е косата секогаш толку неуредна?

article-0-1B2586FD000005DC-987_634x788