Британските специјални единици тестираат „Star Wars“ шлемови

Војниците на британската специјална служба SAS тестираат нови шлемови во стилот на „Војна на ѕвездите“, кои ќе бидат отпорни на куршуми, шрапнели, експлозии, оган и отрови.

Шлемовите, на кои им го дадоа прекарот „Boba Fett“ (според ловецот на уцени од популарниот серијал), се направени од супер-цврсти плочи, што ги прави буквално отпорни на куршуми. На пример, шлемот ја заштитува главата на војникот дури и од импакт на куршум од Магнум 44.

Шлемот располага и со термална визија и „пријател-непријател“ сензори, како и со вграден GPS систем кој проектира мапи на визирот. Истовремено служат и како гас маски против отровни/бојни гасови.

Опремата први ја пробаа американските морнарички Фоки и специјалните единици на Delta Force.

Воени извори од британските SAS, велат: „Со години индустријата за одбрана се обидуваше да најде начин да ја заштити главата, и ова е следниот чекор. Шлемот може многу повеќе отколку стопирање на куршуми. Опремен е со најнова технологија на комуникација и ќе му помогне на војникот да го види непријателот, без оглед на околностите“.

- Реклама -