Британската авиокомпанија Изиџет ја намали годишната загуба

[

– Британската нискобуџетна авиокомпанија Изиџет (easyJet) денеска објави дека ја затвори деловната година со помала загуба благодарение на зголемената побарувачка за патувања во летниот квартал.

Во деловната година што заврши во септември, основната загуба пред оданочувањето беше 178 милиони фунти (214 милиони долари), покажа деловниот извештај на Изиџет.

Во претходната деловна година загубата достигна 1,1 милијарди фунти.

Во трите месеци до крајот на септември, Изиџет ја објави својата најголема основна квартална добивка од основањето, од 674 милиони фунти, благодарение на зголемената побарувачка за патувања во странство по укинувањето на пандемските ограничувања наметнати од владите за да се спречи ширењето на Ковид-19.

Сепак, авиокомпанијата предупреди на притисоци за зголемување на трошоците „на целиот пазар“, истакнувајќи дека цената на горивото во првата половина од нивната деловна година, до крајот на март 2023 година, ќе биде над 50 отсто повисока отколку во истиот период од претходната година.

- Реклама -