Британија стравува од „невидливи“ супертивки руски подморници во британските територијални води

Нов вид на „супер-тивки“ руски подморници веројатно тајно оперираат во британските територијални води, велат британски воени извори.

Новите руски Kilo-Class подморници се закана за британската безбедност, бидејќи се стравува дека ја следат британската флота во северниот Атлантик и ги „прислушуваат“ интернет каблите на морското дно. Според воените извори, во опасност е и HMS Queen Elizabeth, главниот носач на Кралската морнарица, но и британските нуклеарни подморници можат да се ранливи од стелт (stealth) технологијата на руските подморници, нивниот долг домет и способноста да погодат цели како во водата, така и над неа, како и на копно.

Високи воени извори инсистираат дека ова е добар аргумент дека Британија треба да биде подобра во одбраната, односно да го зголеми финансирањето на Кралската морнарица. „Русите ги жнеат плодовите од огромното зголемено финансирање на истражување и развој од пред 15 до 20 години, што сега резултира со нова класа на супер-тивки Kilo подморници“, велат тие.

Познати како „Проект 636.3“, или класа „Варшавјанка“ во Русија, шест од овие напредни подморници веќе се лансирани, а уште шест би требало да бидат ставени во функција од Руската морнарица до крајот на годината.

Наречени „Подобрени Kilo-Class“ од НАТО, се смета дека барем една од овие супертивки и исклучиво лесни за маневрирање подморници извршила тестирање за тоа колку лесно може да биде детектирана пловејќи близу до европските брегови во изминатите месеци. Заканата од нив би била сценарио слично како во филмот „Лов на Црвениот Октомври“ (The Hunt for Red October) од 1990 година, во кој дејствието се одвива околу стравувањата дека најновата и најнапредната руска нуклеарна подморница ја таргетира Америка.

Вооружени со 18 торпеда, подводни мини и следечки проектили, се претпоставува дека подморниците од класата Варшавјанка работат заедно со други подводни руски пловила за да ја пресретнуваат комуникацијата преку подводните интернет кабли и да ги прислушкуваат телекомуникациските системи. Ова предупредување го повтори и Адмирал Тони Радакин, новиот предводник на Кралската морнарица. Тој побара помалку пречки во процесот на трансформација на флотата.

 

- Реклама -