Британец станува дедо на 29 години

БританијаОвој млад човек од јужен Велс бил бесен кога дознал дека неговата четиринаесетгодишна ќерка е бремена, но не можел да остане лут многу долго поради две причини: 1) таа се родила кога тој имал 14 години и 2) со 29 години тој стана новиот најмлад дедо во Британија.


Весниците не го откриваат неговото име за да ја заштитат неговата ќерка, но тој изјавил: „Историјата се повторува. Ми се допаѓа идејата да бидам најмлад дедо во Британија, но исто така сум бесен што ќерка ми е бремена. Самиот знам колку е тешко да се биде родител тинејџер и сега таа ќе мора да помине низ истото искуство. Но, таа ќе ја има нашата помош и подршка и сите заедно ќе го пречекаме новиот член на семејството.“

„Не се чувствувам како дедо – немам бела коса и слухот ми е одличен“. Тој додал и дека неговата мајка, која има 47 години со нетрпение чека да стане прабаба. „Таа имала 18 години кога сум се родил јас, беше шокирана кога ѝ кажав, но сега е среќна. И нејзината мајка е жива, а исто и нејзината баба која ќе стане пра-пра-прабаба. Сигурно нема многу фамилии каде што шест генерации се живи во исто време“.
Тој тврди дека е помлад од сегашниот носител на рекордот Дејл Рајт, кој имал 29 години кога станал дедо во 1997 година. Синот на Рајт, Стивен, имал 14 години кога неговата девојка, која исто така имала 14 години родила ќерка. Дејл Рајт тогаш изјавил: „Посакав да не се случеше, но не можев да му викам многу зашто и јас го направив истото“. Најмладиот дедо во светот е Никола Костич од Германија кој имал 26 години кога неговиот син, Станко, станал татко на 13 годишна возраст.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Најмладиот татко во Британија е Шон Стјуарт од Шарнбрук, Бедс, кој имал 12 години кога се родил неговиот син во 1998 година. Тој бил ослободен од училиште за да може да биде со неговата девојка, 16 годишната Ема Вебстер. Најмладата баба во Британија имала 26 години кога нејзината 12 годишна ќерка се породила во нивниот дом во Ротерам во 1999. [Man who fathered a child at 14 to become UK’s youngest grandad at 29]

- Реклама -