Еден пензионер од Плимут, Англија, неодамна решил да открие зошто подот има мала вдлабнатина под каучот.
По три дена работа и многу вчудоневиденост тој открил дека куќата во која тој живеел последните 25 години била изградена над 10 метри длабок бунар од 16-от век. Господин Стир успеал да го откопа бунарот со помош на пријател и внатре нашол стар меч.
„Беше скриен под агол од 45 степени и испадна. Изгледа како старо оружје на селанец бидејќи изгледа како да е направено од парчиња метал.“ Според неговото истражување земјата на која се наоѓа неговата куќа до 1895 година била шума. Каналот Drake’s Leat кој минува во регионот бил изграден во 16-от век од Сер Франсис Дрејк за да носи вода од Дартмур до Плимут.
Господин Стир додал: „Истражував доста за историјата на регионот и бунарот, но би било добро ако најдам некој што може да го одреди точниот датум. Го сакам бунарот и мислам дека е фасцинантен. Би сакал да откријам кој бил тука пред нас. Имам дел од историјата на Плимут во мојата дневна соба.“ [Shocked couple find 33ft medieval well underneath living room sofa]