Брисел: Денешните напади покажуваат колку Путин искрено сака мир

Денешните настани покажуваат колку рускиот претседател Владимир Путин искрено сака да престане војната во Украина, изјави портпарол на Европската комисија по повод ракетниот напад врз Киев, додека лидерите на африканските земји се во Москва во мировна мисија.

„Африканските претставници беа пречекани на посебен начин – со ракетен истрел од Путин. Мислам дека ова ќе ги натера јасно да сфатат кој е напаѓачот и како се однесува, кои се неговите намери“, додаде портпаролот, пренесе БТА.

Тој додаде дека „Путин презеде слични акции и во други прилики кога има меѓународни гости во Киев, како за време на посетата во април минатата година на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, кога Киев исто така беше бомбардиран со проектили и дронови“.

Прочитајте и:  Пентагон: Нема знаци на присуство на севернокорејски војници во Украина

„Мир може да има веднаш ако Путин престане да ги тероризира Украинците и ги повлече своите војници од Украина. ЕУ ја поздравува секоја сериозна намера за постигнување мир, никој не сака мир повеќе од Украинците и Европејците. Но, за ова е неопходно да се разговара со нападнатите, ова е причината за денешната посета на Киев“, нагласи европскиот претставник.

Според него, ЕУ го поддржува мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ако другите успеат да ја натераат Русија да се повлече од Украина, ние секако целосно ќе ги поддржиме тие напори“, рече портпаролот. „Ако зборуваме за прекин на огнот и замрзнување на конфликтот во овој момент, тоа не е мир“, рече тој.

МИА

- Реклама -