Сексапилната дива од 50-тите и 60-тите години, денес е заштитничка на животните, а живее во изолација.
Таа објаснува дека го дели својот живот на два дела.
„Првиот живот ми овозможи да успеам во вториот. Ако не бев Бриџит Бардо и позната во целиот свет, никогаш немаше да можам да направам и една десетина од она што го правам за животните”, вели поранешната актерка која своевремено придонесе доста против измачувањето на животните.
Во 1956 година таа направи голем пробив во киното со учеството во филм, кој е создаден специјално за неа од нејзиниот сопруг – „И Бог ја создаде жената”.
Во него таа танцува топло, страсно и сексапилно мамбо, за време на кое цепнатинката на нејзиното долго здолниште се отвора до горе – сцена која предизвикува скандал. Филмот беше забранет во некои американски држави. Легендата сепак се раѓа и Бриџит е дефинирана како најубавата жена на светот. Се повеќе жени почнуваат да ги имитираат нејзините манири и ослободеност. За некои нејзиното вознемирувачко однесување, ја разгорувало имагинацијата на мажите, па зато било ѓаволско, а други го сметаат за неодоливо.
Писателката Симон де Бовоар на пример, го има напишано за Бриџит Бардо следново: „Таа оди со боси нозе, го врти грбот на елегантните фустани, на накитот и парфемите. Таа го прави она што и се допаѓа и тоа е она што е вознемирувачко”.
Нејзиниот шарм на Лолита и незадржлив сексапил ја чинат сепак приватноста. Таа е следена од орди љубопитни фотографи кои сакаат да бидат сведоци на секој миг од нејзиниот живот. Четворица сопрузи, раѓање на дете кое не го сака и неколку обиди за самоубиство – цената на нејзината слава. Исцрпена и уморна од оваа озлогласена хероина, Бриџит Бардо става нагло крај на својата кариера во филмот, во 1973 година, кога се посветува целосно на животните откако видела репортажа за лов на фоки. Таа живее и до денес во двете куќи во двата краја на Франција, и двете – далеку од погледите на љубопитните.