38-годишната пејачка Ферги, која заедно со нејзиниот сопруг Џош Духамел е во исчекување на нејзиното прво дете, беше во центарот на вниманието на забавата приредена по тој повод. Таа носеше краток колоритен фустан кој ги истакнуваше нејзините витки нозе и трудничкиот сјај. Целата комбинација беше зачинета со бели високи потпетици и мала чанта на која пишува „Say my Name“.