Бремените Австралијки пушат цигари за да раѓаат помали бебиња

pregnant-smoker_2795644k[1]

Ова е веројатно највознемирувачкиот тренд од сите што сте ги прочитале на интернет – бремените млади девојки во Австралија почнуваат да пушат цигари за да избегнат поголеми породилни болки.

Со право опишано како шокантно, откритието дека австралијанските млади жени се поисплашени од болките при породувањето отколку од сериозните негативни ефекти што ги предизвикува пушењето за време на бременоста врз фетусот – вклучувајќи и висока стапка на мртвородени и зголемен ризик од астма и алергии – следува по неодамна објавената 10-годишна национална антрополошка студија предводена од професорот Симон Денис од Австралискиот национален универзитет. Таа откри дека девојкитена 16 години почнуваат да пушат или го зголемуваат бројот на цигари додека се бремени, пред сé заради стравот дека нивните млади тела нема да можат да го издржат породувањето.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Од каде им е идејата? Од предупредувачките етикети на самите кутии на австралиските цигари, кои укажуваат на тоа дека „пушењето за време на бременост ја намалува тежината на твоето бебе“. Очигледно, предупредувањето не е сфатено како што е замислено, и наместо ова да ги одбива бремените девојки, тие го користат како „лек“ против болки.

article_baby[1]

Разликата во тежината на бебињата на мајките што пушат и мајките што не пушат е околу 200 грама, во просек. Студиите велат дека шансите да имаат полесни бебиња, кај мајките што пушат, се двојно поголеми.

- Реклама -