Бред Пит ќе се појави во „True Detective“

Иако првата сезона на ТВ хитот „True Detective“, заврши на 9 март, веќе се шпекулира кој ќе ги наследи Метју Мекконахи и Вуди Харелсон во новата сезона.

По големиот успех на серијата и актерската екипа, воопшто не е чудно тоа што за  следната сезона се споменуваат холивудски имиња како што е Брет Бит.

– Името на Бред е споменато многупати, само прашање е какви му се другите обврски. Тоа е серија во која секој сака да учествува, затоа што сценариото и улогата се посебни и комплексни. Бред е во блиски односи со Ејџ-Би-Оу. Знам дека сите би биле воодушевени тој да биде дел од екипата, изјави неименуван извор за „Холивуд Лајф“.

- Реклама -