Бред Пит и Анџелина Џоли сакаат да посвојат дете од Кина

getImgIntranet3.php_fct650x400x63_t460
Бред Пит и Анџелина Џоли наводно се спремаат да посвојат уште едно дете, овој пат од Кина, поради што започнале да го изучуваат мандаринскиот јазик.

Британските таблоиди овие денови започнаа да пишуваат за плановите на славниот холивудски пар според кои тие планираат да го зголемат обемот на нивното семејство со тоа што по четврти пат ќе посвојат детенце, со што бројот на нивните деца ќе порасне на седум.

„Бред и Анџелина сметаат дека наскоро Кина ќе биде најмоќната земја на светот, како и дека тоа е земја со најголема и најстара светска култура. Нивните пријатели мислат дека нивното следно посвоено дете ќе биде токму од таму поради тоа што парот станал опседнат со оваа земја“, раскажал извор близок на семејството.

- Реклама -