Бразилците се чудат: Хрватот пуши и истовремено – рекорди руши!

Репрезентацијата на Бразил задутре, против Хрватска, ќе го одигра првото четвртфинале на Мундијалот во Катар, поради што во центарот на вниманието во оваа земја се најдоа репрезентативците на земјата од нашиот регион.

Бразилците на големо пишуваат дека нивните момци се фаворити, но истовремено го почитуваат противникот и за него пишуваат со респект. Весникот „О Глобо“ напиша статија за Марцело Брозовиќ и за неговиот рекорд од истрчани 16,7 километри на средбата против Јапонија, со што за 400 метри го подобри досегашното сопствено најдобро остварување од дуелот против Англија на претходното СП. Најинтересно за Јужноамериканците е што тој остварува вакви резултати и покрај тоа што – пуши.

- Реклама -