Нејмар и другарите после победата извадија банер со поддршка на Пеле, трикратниот освојувач на светската титула, кој е во болница во тешка здравствена состојба и ставен на палгијативна нега зашто хемотерапијата не помага во битката со ракот, откако лани во септември беше опериран од рак на дебелото црево.
Пеле пред пет дена е хоспитализиран повторно во болница со отоци и срцева слабост, ама и проблеми со дишењето, а од болница ги следи возбудувањата на СП и поддршката од фудбалерите и од навивачите му дава сила за да победи во битката.