Дел од секундата го делеше Бразилецот Данило Берто од сигурна смрт на стартот на трката во Интерлагос.
Откако лошо стартуваше и падна од моторот, ја имаше целата среќа на светот што не заврши смачкан од некој од тие што стартуваа зад него.
Дел од нив го заобиколија, а и Берто брзо размислуваше, па и инстинктивно веднаш побрза кон заштитниот ѕид, за да ја избегне патеката. Задоцнеше ли дел од секунда, веројатно ова ќе беше сосема поинаква вест.