Топ моделот Андреса Урах е позната по натпреварувањата на „Мис задник“ во Бразил и по аферата со Кристијано Роналдо. Таа е на интензивна нега и се бори за живот по неуспешна пластична операција.
Нејзиниот живот е сериозно загрозен и таа моментално е во болница.
Проблемот го предизвикала инфекција, како последица на пластична операција при вадење на колаген од нејзините колкови. Мисицата во моменто е под силни седативи.
Мис Бумбум, претходно легала под нож за зголемување на задникот, со цел да постигне бомбастичен изглед.
Моето тело не го прифати хидрогелот и прозиводот почна да ми штети. Открив дека PMMA се поврзува со моите мускули и предизвикува распаѓање на ткивото, изјави таа неодамна, додавајќи дека трпи силни болки и зема морфиум на секои четири часа за да ги ублажи болките.
Во саботата била итно хоспитализирана поради инфекцијата. По неколку интервенции, мисицата во вторникот паднала во септички шок и се наоѓа во критична состојба.
Според извештаите, Андреса направила најмалку девет операции во последните пет години.
Нејзиниот агент ги повика фановите да се молат за неа.
Да се биде роб на убавината или да се научиме да се сакаме себе. Заслужува да се запрашаме.