Бразил ја покажа сета моќ – „кариоките“ против Хрватска за полуфинале! (ВИДЕО)

Првиот фаворит за светската титула Бразил ја покажа сета моќ која ја почувствува Јужна Кореја, па велемајсторите во копачки од најфудбалската земја за 36 минути ја завршија работата за пласман во четвртфиналето и пресметка со Хрватска за место во полуфиналето на Светското првренство во Катар (4-1).

Сиот потенцијал, квалитет и талент Бразилците го демонстрираа во првата третина од мечот за да ја покажат сета моќ со која располагаат и на светот да му покажат зашто сите ги сметаат за први фаворити за „златната божица“, зашто не само што го одиграа најдоброто полувреме по 68 години, туку до врв можеа да ги наполнат Корејците.

- Реклама -