Бразил е првиот финалист на Купот на Конфедерациите

Во јужноамериканското дерби, Бразил со 2-1 го победи Уругвај и се пласираше во финалето од Купот на Конфедерациите.

Бразил и Уругвај одиграа борбен и тензичен натпревар на кој славеше домаќинот и се пласираше во финалето.

Диего Форлан може да се смета за трагичар на натпреварот, напаѓачот на Уругвај не реализираше пенал.

Шампионот на Јужна Америка можеше да поведе откако судијата покажа на белата точка по еден прекршок на Давид Луиз.

Форлан биеше лошо, Жулио Цезар го одбрани неговиот удар.

На четири минути до крајот на првиот деул, Нејмар се обиде, одбиената топка стигна до Фред кој реализираше за водство на Бразил од 1-0.

Уругвај брзо се врати во игра, по само три минути во вториот дел, Кавани постигна гол за израмнување на 1-1.

Прочитајте и:  Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона (ФОТО/ВИДЕО)

Во самиот финиш на натпреварот, по центаршут на Нејмар, Паулињо со глава реализираше за ново водство кое овој пат значеше победа на Бразил од 2-1.

Бразил заслужено се радува на финале, Уругвај може да жали за пропуштениот пенал.

Денеска на програмата е европската полуфинална пресметка помеѓу Шпанија и Италија.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -