Бранови на небото

Облаци се „редат“ во долги редови пред бура која го погодила Мекален, Тексас. Бурата им донела град и громови на луѓето од Тексас во текот на целата недела. Оваа фотографија е дело на Делсија Лопез за локалниот весник “The Monitor”.

Локалното население вели дека патиштата биле преплавени и силни бури со град и громови во областа. Мекален се наоѓа 8 километри од границата со Мексико во близина на Рио Гранде и најчесто страда од недостиг на врнежи. Минатата година областа била погодена од суша а бурата оваа година била многу спектакуларна.

Луѓето од областа ги споделуваат своите фотографии и приказни преку сајтот на “The Monitor”. Во август 2011 година климатологот од Тексас, Џон Нилсон-Гамон, изјавил: „Тексас ги искуси најсувите 9 месеци во неговата историја.“ Минатогодишната суша тешко ја погодила локалната месна индустрија.

- Реклама -