Бранејќи го докторатот, Груевски се пофалил со своите економски успеси

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска го бранеше својот докторат на Економскиот факултет. Тој го искористил моментот пред петчлената комисија да потсети на своите економски успеси од периодот кога беше премиер.

– Благодарение на реформите од 2006 година многу земји ја препознаа Република Македонија како земја за инвестирање – рече Груевски во презентирањето на докторатот.

Од комисијата добил половина час, но Груевски својот труд го презентирал цел еден час. Иако присутни, медиумите не смееле да фотографираат, ниту да снимаат инсерти од презентацијата.

Е.Д.

- Реклама -