Браќа Албанци во Италија, идентични близнаци, со години се мајтапат со судот и полицијата

Иако осомничен за стотина кражби на северот на Италија, пред неколку дена судот во Верона го ослободи обвинетиот Едвард Труши (34) поради неможноста да ја докаже неговата вина. Ова не е ни прв пат. Од истите причини Едвард бил ослободен и во 2016-та и и во 2017-та година.

Проблемот е што Едвард има идентичен брат близнак по име Едмонд. И двајцата исто се облекуваат и и двајцата имаат исти тетоважи, но сепак, најголемиот проблем на судот е што преку ДНК анализата не може да се утврди дали се работи за Едвард, Едмонд, или за двајцата. Тоа е возможно само преку отпечатоци, но Едвард и/ли Едмонд очигледно се доволно искусни за да не остават таква трага.

 

- Реклама -