На 29.07.2018 година во 14,00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А. (56) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10,00 часот од страна на непознат сторител била измамена, се наведува во Билтенот на МВР.
Сторителот дошол до дворот и ги прашал неа и нејзиниот сопруг дали им требаат дрва за огрев, по што нејзиниот сопруг побарал да ги види дрвата и со сторителот тргнале кон камионот. По кратко време сторителот му ја кажал локацијата на дрвата и му рекол да оди, а дека тој ќе дојде.
Веднаш потоа, измамникот се вратил кон куќата на Н.А. и и рекол дека дрвата веќе се сечат и се товарат и и побарал 7.500 денари. Откако ги зел парите заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.