Божиновски: Рашковски фалсификувал документ за Владата да прости долг од 43 милиони долари

Новинарот Зоран Буревесник Божиновски во писмо – одговор до адвокатот на премиерот Заев открива дека на 23 јули годинава “Генсекот” на Владата Драги Рашковски потпишал владин документ со кој врз основа на заклучок на владата од 9 јули на Државниот правобранител му наложува во рок од 3 дена да ја потпише спогодбата за вонсудско решавање на спорови со Макпетрол.

Според Божиновски се работи за нелегална одлука од повеќе причини со цел на Макпетрол да му се простат 43 милиони долари а вицепремиерот Кочо Анѓушев и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски би наплатиле рекет од Макпетрол.

Спорот меѓу Владата и ГАМА од една страна и Макпетрол од друга започнал во 2005 година во времето на премиерот Бучковски.

Тогаш владата застапувана од Јавното правобранителство поднесе тужба против Макпетрол за утврдување на правото на сопственост врз гасоводот, предавање во владение и стекнување без основ. Постапката е поведена во Основниот суд Скопје 1.

Сега откако адвокатот на Заев Мирослав Вујиќ му упатува предупредување на Божиновски дека ќе биде тужен за наводите дека премиерот е инволвиран во рекет, новинарот му одговара:

“Ми пишуваш дури дека сум пишувал за НЕКОЈА замешаност на ЗАЕВ во мултимилионски рекет. Не е НЕКОЈА туку е сурово реална замешаност во РЕКЕТ на АНДРЕЈА ЈОСИФОВСКИ, за КОЧО АНЃУШЕВ и ДРАГИ РАШКОВСКИ да му овозможат ВОНСУДСКА спогодба за ортаклук со ВЛАДАТА во АД ,,ГА МА,,.

Од јануари оваа година јавно апелирам ЗОРАН ЗАЕВ ниту случајно да не се меша во судскиот спор на ДРЖАВАТА (застапувана од јавното правобранителство) против МАКПЕТРОЛ, за штета од номинални 43 милиони УСД.

РАШКОВСКИ и АНЃУШЕВ најбрутално, претставувајки се во името на ЗОРАН ЗАЕВ, од крај на јануари вршат сурово брутален притисок врз јавното правобранителство, вонсудски да се спогоди со МАКПЕТРОЛ за ортаклук со МАКПЕТРОЛ во АД ,,ГА МА,,, а таа спогодба да заврши со бришење на секаков долг на МАКПЕТРОЛ кон државата. Јавното правобранителство никако не попушта, а и нема да попушти оти го штити интересот на граѓаните кој е неприкосновен.

Притисокот на РАШКОВСКи и АНЃУШЕВ кулминираше во јули, минатиот месец, кога РАШКОВСКИ посегнува кон ФАЛСИФИКУВАЊЕ на донесени одлуки на две владини седници, по точки по кои воопшто не се расправало за АД ,,ГАМА,, на тие седници (143та и 146та).

Во прилог на ова мое обраќање објавувам факсимил од архивиран документ во владината архива, од кој тој фалсификат јасно се чита. Се чита последниот очајнички обид РАШКОВСКИ и АНЃУШЕВ по секоја цена да го примораат правобранителството да се согласи на спогодба, дури рок од ТРИ ДЕНА ДАВААТ, за оваа работа да се заврши.

Ако тоа се случи, АНДРЕЈА ЈОСИФОВСКИ и МАКПЕТРОЛ ќе ги наградат РАШКОВСКИ и АНЃУШЕВ, а бидејки и ЗАЕВ треба последен да се потпише заедно со ЈОСИФОВСКИ, се подразбира дека потпис на такво незаконие се наградува со МУЛТИМИЛИОНСКИ РЕКЕТ.

Кој би бил друг мотив ЗАЕВ да се потпише на ваква криминална спогодба, освен да наплати награда за простување на долг од 43 милиони усд, дополнет со камата од 15 години судски процес?

Ама, во таа игра не им се вклопи правобранителството оти од нив НИКАКО не беше и гарантирам дека нема да биде ставен потпис на оваа огромна штета по граѓаните и Македонија.

Убаво разгледајте го факсимилот од документот, па прашајте ги РАШКОВСКИ и АНЃУШЕВ за ТОЧКИТЕ 72 од 146та седница на ВЛАДА и 113 од 143та седница. И прашајте го лично вашиот клиент ЗАЕВ:

,,Ги имавте ли ЗОРАНЕ овие точки на двете седници, изведовте ли Заклучок правобранителството во РОК ОД ТРИ ДЕНА да потпише согласност за ортаклук со Макпетрол? Го задолживте ли Рашковски ова да го спроведе во дело?,,. Има и други потпрашања, ама и овие три се доволни…”, пишува Божиновски во шокантниот допис кој ако се докаже ќе значи збогување на Македонија со датум за преговори за членство во ЕУ.

Покрај информациите Божинивски објавува два документи:
Налог на Рашковски за вонсудски договор со Макпетрол и допис предупредување од Вујиќ.

- Реклама -