Божиновски го презентираше новиот Swatch POP во Концепт 37

 

bozinovski_new_final_black

Swatch е швајцарски бренд кој во 1983 година направи револуција во класичното часовничарство со претставувањето на првиот пластичен часовник изработен во Швајцарија. Одеднаш часовниците не беа веќе начин само како да се мери времето. Станаа нов начин на тоа како да се прикажеме себе си, без зборови.

Уште од своите почетоци,Swatch бил поврзан со модерната уметност. Swatch часовниците се уметничко дело самите по себе.Воедно се и уникатен медиум за модерната уметност и начин да се покаже креативноста на свој и посебен начин.

Кога инспирација на Swatch ќе се сретне со креативноста на уметниците, се добиваат уникатни дела. Едни од тие дела се специјалните фотографии кои Иван Петрушевски ФЛИМ (FLIM)ги изработи инспириран од разиграниот и откачен Swatch POP часовник.

FLIMxSwatchе селектирана серија на фотографии кои ги оживуваат SwatchPOP часовниците во реалност и даваат нова димензија за тоа што го перципираме како реалност и фантазија.

Каде оди времето? Според новата колекцијаSwatch POP тоа оди во милијарда различни дестинации. Овие впечатливи часовници имаат куќиште кое лесно се вади и може да се носат на бескрајно многу начини и на дестинации каде што ве носи вашата имагинација. Во еден момент тие одбројуваат на вашатарака, а во следниот се прикачени на сладок синџир.

Срцето на колекцијата Swatch Pop се девет часовници кои се дизајнирани за да гарантираат ослободување на вашата имагинација и креативност.

Три се црно-бели часовници дизајнирани имајќи ги на ум графичките дизајнери кои секогаш ги ценат чистите форми и линии. Трисе колоритни креации кои наместо бројки, имаат конфети и трисе уникатни дизајни кои ќе го уловат секој поглед. Спојот на неонските бои и ПОП арт е она што дополнително ги истакнува овие часовници, покрај куќиштето кое лесно се вади.Секој од часовниците е спакуван со специјален додаток кој ви овозможува да го однесете вашиот Swatch POP на нова досега невидена дестинација за него.

————————————-

Часовниците беа презентирани во петокот на 20 мај во Концепт37 од страна на нивниот ексклузивен застапник за Македонија „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“. Презентацијата ја водеше Марко Новески, кој е актуелен радиоводител на новата емисија „Сказалки“. На самиот настан беа прикажани и фотографиите на графичкиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски ФЛИМ. Гостите уживаа во атмосферата на оваа уникатно интересна забава со познатиот ДЈ Чваре.

Невозможно е да се предвиди каде овие колоритни мерачи на времето ќе се појават следниот пат. Swatch POP е уникатен медиум за да ја искажете вашата креативност и доказ дека сѐ е можно.

Компанијата „БОЖИНОВСКИ ЧАСОВНИЦИ И НАКИТ“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и во Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlancи други.

boz10 boz1 boz2 boz3 boz4 boz5 boz6 boz7 boz8

 

“Божиновски часовници и накит”

 

 

 

- Реклама -