Божик во Алепо: Светна елка прв пат по 5 години

По прв пат по 5 години, во Алепо светна елка, а христијаните го прославија Божик.

Годинава Алепо може да го слави Божик затоа што минатата недела силите на претседателот Башар Асад ја преземаа контролата врз градот. Луѓето го поздравуваат враќањето на мирот, макар што многумина избегаа од градот и се кријат некаде во дивината. Тие луѓе сé уште се во опасност, а со нив има и многу деца кои можат да умрат во снегот.

Во Алепо пак, Божикната миса се одржа – симболично – во речиси темелно разрушената катедрала. Патем, бројот на христијани, од почетокот на војната, се намалил од 250.000 на 50.000.

- Реклама -