Босна „раскина“ со Евровизија

Босанската национална телевизија БХРТ одлучи Босна годинава да не учевствува на Евровизија.

„Одборот на директори на БХРТ на седница која се одржала во Сараево донесе одлука да не учествува на „Евровизија“ во Копенхаген бидејќи не е затворена финансиската конструкција за самофинансирање, како што беше планирано. Но, сепак, одборот ќе направи сѐ за да им овозможи на граѓаните на Босна и Херцеговина директен пренос од „Евровизија“, стои во  соопштението.

Претходно и Србија и Хрватска се откажаа од ова натпреварување.

- Реклама -