„Црвените ѓаволи“ лесно и убедливо го победија Бормут со 3-0 и сега дојдоа до 35 бода зацврстувајќи се како четврти на табелата само поради моменталната послаба гол-разлика во однос на Њукасл и оваа одлична серија е најава за уште подобри денови на „Олд Трафорд“ во обидот Ерик Тен Хаг да го врати најтрофејниот клуб при самиот врв на табелата, особено после лошиот период на почетокот на сезоната.