Нема промена во неговата состојба, сѐ уште има симптоми на општа малаксаност – соопшти бугарскиот премиер Бојко Борисов, на Фејсбук, заблагодарувајќи им на сите кои му посветуваат внимание и му даваат поддршка.
„Се лекувам како и секој бугарски граѓанин на кој му е препишано домашно лекување од матичниот лекар. Мојата општа состојба не ми пречи да продолжам да ги исполнувам службените задолженија. Уверен сум дека нашето општество, водено од нашите лекари, кои се едни од најдобрите во светот, ќе го надмине и овој предизвик. Запазувајте ги мерките и чувајте се!“, порача Борисов.