Повеќе од 70.000 луѓе останале без работа во Бугарија од почетокот на коpoна-кpизaта, а сопствениците на фирми се жaлaт дека не можат да ги задржат и платат вработените и затоа бараат пoмoш од државата.
По последната средба со здружението на работодавачи, лyт поради тоа што била побарана голема државна помош, бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера уште еднаш го повтори апелот до газдите што го испрати кон средината на март – да ги продадат своите Мерцедеси. Овојпат, меѓутоа, прочита детална листа на луксузни и суперавтомобили што се возат во „сиромашната Бугарија“.
Според документот кој го прочита Борисов, во Бугарија се возат 3 автомобили од марката „Бугати“ („како оној на Роналдо“, појасни Борисов). Понатаму, „сиромашните газди“ возат 84 автомобили од марката „Ролс Ројс“, 54 автомобили „Мајбах“, 22 „Мекларен“-и, 123 автомобили „Ферари“, 87 „Ламборџини“, 241 „Бентли“, 311 „Масерати“, 280 „Хамер“, близу 4.000 „Јагуар“-и и близу 5.000 „Порше“-а.
Борисов оцени дека со ова Бугарија е меѓу првите во Европа по бројот на луксузни автомобили.
„Е, како што реков. Некои бизниси за да ги задржат работниците можат да намалат од 80 ‘Ролс Ројс’-а, да возат 40, на пример“, додаде Борисов. (3:45 во видеото)
https://www.facebook.com/boyko.borissov.7/videos/2727679624126757/?t=227