Борисов: Ќе предложам да дадеме 5.000 вакцини на Северна Македонија, иако тие многу сакаат да нѐ навредуваат

„Ќе им предложам на колегите, за да покажеме вистинска братска солидарност, да дадеме 5 илјади вакцини за Северна Македонија“, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов, откако соопшти дека следната недела Бугарија ќе добие 200 илјади, а во текот на април – уште 1 милион вакцини против ковид-19.

„Според мене, тоа ќе биде вистински пријателски гест за здравјето на луѓето, зашто сум убеден дека во април ќе дојдат повеќе од милион вакцини. Иако тие многу сакаат да нѐ навредуваат, ние да покажеме дека нивното здравје и живот се важни колку и на бугарскиот народ“, додаде Борисов.

Неодамна, „АстраЗенека“ објави дека земјите од ЕУ ќе добијат скоро 10 милиони дози вакцини во последната недела од март, посочувајќи дека 16 милиони дози ја чекаат завршницата на процесот за контрола на квалитет, за да можат да бидат испорачани во Европа.

 

- Реклама -