Високиот претставник на Европска Унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека „руските воени злосторства нема да поминат неказнето“.
Изјавата следува по новиот масивен напад врз украинската инфраструктура.
Борел потенцираше и дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина.
„Уште еден бесмислен и голем руски ракетен напад врз Украина кој неселективно уништува инфраструктура и медицински институции, намерно цели и убива цивили“, напиша Борел на Твитер.
Според украинските власти, руските сили денеска, врз градовите низ Украина, вклучувајќи го и Киев, истрелале повеќе од 120 ракети.
Извор: МИА